Идеја за отварање блог имам уште одамна. Од неколку прости причини:
1. Во недостиг од [нормални] форуми во македонскиот веб простор каде што може да се сере за буквално се што ме нервира, како и перманентен бан на веќепостоечките.
2. Во недостиг од слобода за пишување и искажување на сопственото размислување околу денешницата на македонските форуми кои пред извесно време прокламираа одредени правила за кои членовите треба да се придружуваат, а се забранува искажувањето на сопствените ставови кои [за жал] се поразлични од оние на врховистите.
3. Затоа што моите пријатели веќе не ги поднесуваат моите мизантропски испади при утринското кафе, а се на сметка на се што извршува било каков биолошки процес во нашиве 25713 километри квадратни.
4. За да допринесам за развивањето на македонскиот веб простор колку што можам, да допринесам за развитокот на свеста која нашата младина ја нема и за да има во книга по историја за едно 100 години.
5. Аналогно на последниот став од четвртата точка, за Грујо да ми изгради споменик на плоштад во вредност од 10 милиони евра.
6. Затоа што денес е фенси да се има блог.